Алина Гријселс е ново засилување на Мец

Германската репрезентативка Алина Гријселс, дсегашен играч на Борусија Дортмунд, потпиша договор со францускиот клуб Мец.

Таа со екипата на Мец потпиша договор до 2025 година. Изгласана за германска ракометарка на годината, најдобар играч во Бундес лигата во 2021 година и најдобар стрелец на ЕП 2022 (44 гола по главната рунда).

„Многу сум среќна што потпишав договор со Мец за следните две години. Мислам дека Мец е еден од најголемите клубови во светот, со одлична историја и одлични голови кои одговараат на моите лични цели. Играв со Борусија Дортмунд против вас, и навистина бев импресионирана од атмосферата на Арената. Сега навистина се радувам на борбата со Мец за освојување трофеи пред овие неверојатни навивачи”, – изјави Алина Гријселс.

(фото – ЖРК Мец)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.