Екипата на Алкалоид го комплетираше играчкиот кадар за претстојниот дел од сезоната со четворица нови ракометари.
Станува збор за левиот бек Иван Џонов, десниот бек Давид Савревски, пикерот Костадин Петров и младиот среден бек Дамјан Митев.
“Рк Алкалоид го комплетираше својот играчки кадар за претстојниот дел од сезоната со четворица нови ракометари. Наши нови играчи се левиот бек Иван Џонов, десниот бек Давид Савревски, пикерот Костадин Петров и младиот среден бек Дамјан Митев. Со овие четворица играчи нашиот стручен штаб ќе добие повеќе опции за игра и тимот ќе стане поконкурентен во плејоф-натпреварувањето од Суперлигата, во кое ќе играат осумте најдобри екипи во Македонија”, – изјавија од Рк Алкалоид.

(фото – Рк Алкалоид)📷