Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против Бутел Скопје со конечни 27-23 во плеј-офот од Супер лигата.
На полувреме битолскиот тим имаше предност од 9-8. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер продолжи со добрата игра, па на крај да слави против Бутел Скопје.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Радовиќ со седум гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Јевтиќ со шест гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷