Средниот бек на Грањолерс, Пол Валера го засили шпанскиот тим Барселона, кој потпиша договор до јуни, 2024 година.
Доаѓањето на Пол Валера на средината на сезоната се должи на повредите на Лангаро и Н’Гесан. Во дресот на Грањолерс, претходната сезона тој постигна 154 гола на 29-те натпревари во Лигата што ги одигра.
„Доаѓам со намера да помогнам на кој било начин и, пред се, да го поттикнам тимот да ги исполни целите на сезоната”, – изјави Пол Валера.

(фото – Рк Барселона)📷