Реми помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Агуаш Санташ

Екипата на Еурофарм Пелистер одигра нерешено против тимот на Агуаш Санташ со резултат 27-27 во Лигата на Европа.

На полувреме битолскиот тим имаше предност од 14-13. Во второто полувреме екипата на Агуаш Санташ успеа да се врати, но на крај двете екипи одиграа нерешено.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Мирко Радовиќ со пет гола, додека кај екипата на Агуаш Санташ најефикасен беше Да Силва Оливера со седум гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.