Екипата на Куманово потпиша договори со подмладоците на клубот

Сениорскиот тим на Куманово потпиша четиригодишни договори со ракометарите од младинската и кадетската екипа.

Екипата на Куманово со овие потпишани договори сака да создаде своја база на ракометари кои во иднина ќе го носат дресот на сениорскиот тим од Куманово.

„Стратегијата што ја направивме е за две до три години во првата екипа да играат наши деца. Младите играчи се форсираат, нив ги испративме на подготовки и многу повеќе внимание им посветуваме ним отколку на првотимците. Пионерите можат оваа сезона и да го освојат првото место во лигата“, – вели Марјан Милковски, претседател на МРК Куманово.

Договорите нема да бидат пречка во иднина за било кој ракометар, доколку подоцна би сакал да замине во некој друг клуб.

„По неколку децении клубот застанува на свои нозе и вложува во „наши“ деца. Имаме прекрасна генерација, но треба да ни се даде шанса да ги изведеме децата и да ни се даде слобода во донесување одлуки, да работиме и да го водиме клубот кон успех. Со губење на еден играч тотално се менува играта и тактиката“, – изјавија Миодраг Јовановски Црни и Христијан Димковски, тренери во клубот.

https://kumanovonews.mk/vesti/domasni-igraci-kje-go-vrakjaat-sjajot-na-kumanovskiot-rakomet-potpisani-dogovori-so-mladinskite-grupi?fbclid=IwAR3IFpjttuN35JwT7_WxO1VfJzH2DANq_nRngciTcHZsY3ZomjC_qZUEbWs

(фото – Kumanovonews)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.