Голден Арт го совлада градскиот ривал Јуниор Кисела Вода

Ракометарите на Голден Арт забележаа победа против тимот на Јуниор Кисела Вода со 30-25 во плеј-аутот во Супер лигата.

Голден Арт од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на полувреме замина со предност од 15-10. Во второто полувреме Голден Арт ја завери победата против Јуниор Кисела Вода.

Најдобар стрелец во тимот на Голден Арт беше Дејан Гошевски со 13 гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најдобар стрелец беше Дарио Симоноски со 8 гола.

(фото – Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести