Словенечкиот ракометар Алекс Влах, 25-годишниот бек, од следната сезона ќе го засили тимот на Алборг.
Тој доаѓа од екипата на Целје, а со тимот на Алборг потпиша договор на три години до јуни, 2026 година.
„Мислам дека Алборг е навистина возбудлив клуб и со нетрпение ги очекувам новите предизвици по летните одмори. Секогаш е прекрасно да се гостува во Алборг како гостински тим, каде има полна сала и притисок од многубројните ракометни фанови, и со нетрпение чекам да почнам“, – вели Алекс Влах.

(фото – Рк Алборг)📷