Српскиот ракометар Дарко Стевановиќ денеска беше промовиран во тимот на Еурофарм Пелистер.
Стевановиќ во Еурофарм Пелситер пристигна од екипата на Мешков Брест, и со битолскиот тим потпиша договор на една и пол година.
“Сакам да се заблагодарам на убавото гостопримство. Мило ми е што дојдов во овој клуб. Гледам дека амбициите се големи и задоволен сум по изработените неколку тренинзи со екипата. Едвај чекам на првата средба, да се претставам пред домашната публика. Се надевам дека ќе го покажам она што клубот го очекува од мене и да му помогнам на екипата да ја оствари најважната цел оваа сезона – шампионската титула. Еурофарм Пелистер е квалитетна екипа и уште во летото кога играв тука како противник испратив пофални зборови за екипата, тренерот и секако за навивачите”, – изјави Дарко Стевановиќ.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷