Екипата на Алкалоид славеше во дерби натпреварот со екипата на Охрид со конечни 32-26 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Во првото полувреме беше неизвесно и драматично, па двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат од 14-14. Во второто полувреме Алкалоид го презеде водството, за на крај да слави против Охрид.
Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Костадин Петров со шест погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Дејан Шешиќ исто така со шест погодоци.
(фото – Рк Алкалоид)📷