Екипата на Вардар 1961 забележа нова победа во плеј-офот, откако во Битола ја совлада екипата на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 25-18.
Вардар 1961 од почетокот на натпреварот имаше водство, па тоа водство го сочува до крај, за да слави против Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Дејан Манасков со 13 погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Павле Петровиќ со осум погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷