Куманово продолжува со победите, триумф против Радовиш

Екипата на Куманово продолжува со победите во плеј-аутот од Супер лигата, откако на гостински терен ја совлада екипата на Радовиш со 33-24.

Куманово од почетокот на натпреварот успеа да направи високо водство, па на полувреме да замине со предност од 19-8. Второто полувреме беше само формалност Куманово да ја завери победата против Радовиш.

Најефикасен во тимот на Куманово беше Никола Бечејац со девет погодоци, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Филип Трајанов со 11 погодоци.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести