Пуштени во продажба билетите за натпреварот во СЕХА лига помеѓу Еурофарм Пелистер и Нексе

Македонскиот тим Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот во СЕХА лигата против тимот на Нексе од Нашице.

Билетите ќе се продаваат по цена од 200 денари, и може да ги набавите на следниот линк: https://kartieurofarm.mk/ticket.php?ticket=38.

Натпреварот помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Нексе ќе се одигра на 14 март во спортска сала “Боро Чурлевски“, со почеток од 18:00 часот во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.