Македонија поразена од Португалија и на вториот натпревар во квалификациите

Репрезентацијата на Македонија загуби на гостувањето кај селекцијата на Португалија со резултат 32-27.

Иако Македонија имаше одличен старт, сепак Португалија на полувреме замина со предност од 15-11. Во второто полувреме Португалија продолжи со водството, па на крај да ја совлада Македонија.

Најефикасен во селекцијата на Македонија беше Филип Кузмановски со десет гола, додека кај селекцијата на Португалија најефикасни беа Итуриза, Мартинс, Фернандеш и Гомеш со по четири гола.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.