Ракометарките на Скопје со пресврт дојдоа до победа против екипата на Деспина, откако славеа со 27-26 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Скопје имаше контрола на резултатот во првото полувреме, па на пауза замина со предност од 15-12. Во второто полувреме екипата на Деспина успеа да се врати, но на крај екипата на Скопје беше подобра.
Најефикасна во тимот на Скопје беше Нина Неделковска со 10 погодоци, додека кај екипата на Деспина најефикасни беа Ангела Камческа и Адела Еленин со по 7 погодоци.
(фото – ЖРК Скопје)📷