Екипите на Овче Поле и Младост 1977 Богданци одиграа нерешено со конечен резултат 24-24 во Првата лига.
Иако тимот на Овче Поле во текот на целиот натпревар беше во предност, но на крај двете екипи одиграа нерешено.
Најефикасни во тимот на Овче Поле беа Марио Даскалов, Игор Павловски и Борјан Цековски со по пет гола, додека кај екипата на Младост 1977 Богданци најефикасен беше Антонио Николоски со седум гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷