Младост со победа против Бисинов се одјави од регуларниот дел во Првата лига

Екипата на Младост 1977 Богданци забележа победа на домашен терен против тимот на Бисинов Фруит Ленд со високи 32-22.

Тимот од Велес парираше во првото полувреме, но сепак Младост 1977 Богданци замина со предност на полувреме од 15-10. Во второто полувреме тимот од Богданци ја завери високата победа против тимот од Велес.

Најефикасни во тимот на Младост 1977 Богданци беа Димитар Пеев и Антонио Николоски со по шест гола, додека кај екипата на Бисинов Фруит Ленд најефикасен беше Панче Ристевски со седум гола.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци) 📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.