Ракометарките на Ѓорче Петров славеа против Спартак со високи 36-18 и се пласираа на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Ѓорче Петров од почетокот на натпреварот рутински ја одработи задачата против Спартак за пласман на Ф4 турнирот.
Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со шест погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Јана Ѓошевска со пет погодоци.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷