Пуштени се во продажба билетите за натпреварот во плеј-офот од Супер лигата помеѓу екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.
Натпреварот од 5. коло меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е закажан за во недела (26 март) со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на www.mktickets.mk и преку продажната мрежа на Мктикетс во целата држава.
За влез во салата ќе биде потребно да имате испечатен билет или билет во електронска форма (PDF) што ќе треба да го покажете на влез во салата.
Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” два часа (2 часа) пред почетокот на натпреварот.
(фото – Рк Вардар 1961)📷