На 26 март во 18:00 часот во СЦ “Јане Сандански” во Скопје ќе се одигра дербито меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.
Покрај навивачката група “Чкембари”, присуство најави и навивачката група “Комити”. Оваа вест беше споделена на социјалните мрежи од навивачката група “Комити”.
Највена е дружба пред натпреварот во „Паркот на езерцата“ каде со пиво, бургери, но и ди-џеј ќе се загреваат за дербито.

(фото – Навивачка група Комити)📷