По паузата продолжуваат натпреварите од плеј-офот во ракометната Супер лига. ГРК Охрид претстојниот викенд го игра првиот од серијата клучни натпревари во борбата за висок пласман, против Пролет во Скопје.
Екипата најавува беспоштедна борба во остварување на посакуваната цел. За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Ерај Каракоч.
“Како тим минавме низ тешки борби. Остваривме непосакувани резултати. На нас е да го промениме тоа. Се поврзавме силно како тим. Наша единствена цел е да триумфираме во натпреварот со Пролет и да им ја посветиме победата на нашите поддржувачи”, – изјави Ерај Каракоч.

(фото – ГРК Охрид)📷