Македонскиот ракометар Илија Крстевски на 30 години реши да ја заврши ракометната кариера.
Крстевски настапува на позицијата десно крило и настапуваше за екипата на АИФК од Финска. Тој претходно има настапувано за екипите на Металург, Металург Јуниор, Тинекс Пролет, Борец Велес, Јуниор Кисела Вода и Паргас ИФ, а има настапувано и за младинските категории на Македонија.
(фото – Инстаграм/Илија Крстевски)📷