Екипата на Шампион забележа лесна победа против составот на Кузман Вардар со конечни 32-22 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Шампион го презеде водството во првото полувреме и на пауза замина со високи 17-10. Во второто полувреме Кузман Вардар немаше сили да му парира на Шампион, па мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасна во тимот на Шампион беше Сара Трајков со 11 погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Нина Милевска исто така со 11 погодоци.
(фото – ЖРК Шампион)📷