Јанкуловски херој за победа на Струга против Вардар Неготино

Екипата на Струга ја запиша првата победа во плеј-аутот од Супер лигата, откако триумфираше против Вардар Неготино со 26-25.

За оваа победа најзаслужен беше ракометарот Тодор Јанкуловски, откако во последната секунда од натпреварот со гол и донесе победа на Струга.

Најефикасен во тимот на Струга беше Петар Бугариновиќ со девет погодоци, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Лазар Адамовиќ со десет погодоци.

(фото – Рк Струга)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.