Екипата на Текстилец забележа победа против тимот на Преспа со резултат 30-28 во натпревар од плеј-аутот во Првата лига.
Текстилец имаше контрола на резултатот од почетокот на натпреварот, па на полувреме замина со предност од 18-15. Во второто полувреме Текстилец не дозволи изненадување и забележа победа против Преспа.
Најефикасен во тимот на Текстилец беше Васе Петров со 12 гола, додека кај екипата на Преспа најефикасен беше Филип Шиклевски со девет гола.
(фото – Рк Текстилец)📷