На 2 април од 11 часот во спортската сала “Перо Наков” во Куманово ќе се одржи вториот меморијален турнир за ветеранки под името “Јасмина Голубовиќ”.
Учесници на овој турнир ќе бидат домаќините ветеранките од Куманово, ветеранките од Струга, Богданци и Гевгелија.
Мотото на турнирот е: “Годините не се пречка. Победи ако можеш, изгуби ако мораш но не се откажувај никогаш!”.

(фото – Ракометни ветеранки на Куманово)📷