Екипата на Струга го совлада тимот на Радовиш со високи 31-21 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Тимот на Струга на полувреме имаше високо водство од 18-9. Второто полувреме беше само формалност екипата на Струга да ја завери победата против Радовиш.
Најефикасни во тимот на Струга беа Петар Бугариновиќ и Петар Маркоски со по седум гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Иванче Ончев исто така со седум гола.
(фото – Рк Струга)📷