Вардар Неготино стигна до победа против Јуниор Кисела Вода

Екипата на Вардар Неготино забележа победа на домашен терен против екипата на Јуниор Кисела Вода со 31-25.

Вардар Неготино се избори на полувреме да има предност од 15-13. Во второто полувреме Вардар Неготино ја зголемуваше предноста, па на крај да го совлада тимот на Јуниор Кисела Вода.

Најефикасени во составот на Вардар Неготино беа Ташев, Петров и Адамовиќ со по пет гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Симоноски со осум гола.

(фото – Рк Вардар Неготино)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести