Со натпреварите од 8-то коло, викендов продолжуваат возбудувањата од плеј-офот во ракометната Супер лига.
ГРК Охрид е домаќин на Еурофарм Пелистер 2. Во редовите на домаќинот владее оптимизам, а „гладијаторите“ најавуваат голема борба за бодовите кои се од големо значење за двата тима.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Дејан Шешиќ, каде изјави дека очекува тимот го очекува тежок меч против Еурофарм Пелистер 2.
“На натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 очекувам да прикажеме вистинска машка борба на домашен терен. Како на средбата со Бутел да го сведеме противникот на минимум голови и да ја покажеме таа игра во одбрана која не краси. Очекувам тежок меч. Нема да ни биде ни малку лесно, но ние сме домаќини и ќе дадеме 100% од себе бодовите да останат во Охрид. Ни требаат победи да се кренеме уште повеќе”, – изјави Дејан Шешиќ.
(фото – ГРК Охрид)📷