Ракометарите на Јуниор Кисела Вода изборија реми кај екипата на Куманово, откако натпреварот заврши со 25-25.
Куманово имаше предност на полувреме од 15-13. Во второто полувреме екипата на Јуниор Кисела Вода се врати во игра, и на крај во последната секунда од натпреварот успеа да се избори за нерешено.
Најефикасен во тимот на Куманово беше Немања Ѓурашковиќ со шест гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Филип Петровски исто така со шест гола.
(фото – Рк Јуниор Кисела Вода)📷