Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против екипата на Бутел Скопје со резултат 26-18 во плеј-офот од Супер лигата.
Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот беше во водство, па на пауза замина со 15-11. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Еурофарм Пелистер, за на крај да се радува на победа против Бутел Скопје.
Во второто полувреме поради груб прекршок Дарко Стевановиќ од Еурофарм Пелистер заработи црвен картон.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со осум гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Мирко Мајиќ исто така со осум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷