Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби од Украина со 24-22 на првиот бараж дуел за пласман на СП 2023 година.
Селекцијата на Украина од почетокот на натпреварот направи предност, па на пауза обезбеди водство од 14-8. Во второто полувреме Македонија успеа да се врати и да намали, но сепак на крај загуби од Украина.
Најефикасна во редовите на Македонија беше Сара Ристовска со осум гола, додека кај селекцијата на Украина најефикасни беа Смбатиан и Маркевич со по пет гола.
(фото – РФМ)📷