Павле Петровиќ во следната сезона ќе биде нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со десниот бек Павле Петровиќ, кој од следната сезона ќе настапува за првиот тим.

Тој потпиша договор на две сезони. Десниот бек, кој веќе трета сезона го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, се обврза на договор до 2025 година.

23-годишниот интернационалец од Босна и Херцеговина се наметна со своите игри и како дел од процесот за развој од следната сезона ќе настапува за Еурофарм Пелистер.

“Тука сум веќе некое време и задоволен сум и од градот и од луѓето, исто така и од управата на клубот. Задоволен сум како се работи. Што се однесува до новиот договор со Еурофарм Пелистер, ова е нов предизвик во мојата кариера. Мене ми преостанува да дадам сè од себе, да се покажам во најдобро светло, да работам на себе и се надевам резултатите ќе бидат видливи. Имав неколку шанси да заиграм за Еурофарм Пелистер, но не завршија добро за мене. Но, сега е нова прилика и се надевам дека ќе се изборам за место во тимот”, – изјави Павле Петровиќ.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести