Екипите на Металург РА и Македонија Ѓорче Петров си ги поделија бодовите, откако двете екипи одиграа нерешено со 30-30.
На полувреме Македонија Ѓорче Петров имаше предност од 18-16. Во второто полувреме Македонија Ѓорче Петров имаше водство, но екипата на Металург РА успеа да се врати и на крај да се избори за реми.
Најдобри стрелци во тимот на Металург РА беа Дамјан Наумовски и Виктор Петковски со по седум гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најдобар стрелец беше Филип Ролевски со 11 гола.
(фото – Рк Металург РА)📷