Еурофарм Пелистер го торпедираше Татран Прешов и се пласира на Ф4 во СЕХА лигата

Екипата на Еурофарм Пелистер и на вториот натпревар од четвртфиналето во СЕХА лигата го совлада тимот на Татран Прешов со 36-26, и битолскиот тим се пласираше на Ф4 турнирот.

Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот направи големо водство, па на пауза замина со предност од 20-10. Второто полувреме беше само формалност екипата на Еурофарм Пелистер да ја завери високата победа против Татран Прешов.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со 11 погодоци, додека кај екипата на Татран Прешов најефикасен беше Оливер Рабек со 12 погодоци.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести