Тамара Мавсар е ново засилување на Крим Меркатор за следната сезона

Екс ракометарката на Вардар, Тамара Мавсар од следната сезона ќе биде ново засилување на словенечкиот тим Крим Меркатор.

Мавсар која настапува на позицијата лево крило, со екипата на Крим Меркатор потпиша договор на една сезона. Таа во Крим Меркатор доаѓа од унгарскиот тим Шиофок.

„Мило ми е што доаѓам дома. Мислам дека имам навистина успешна сезона зад мене. Добро сум подготвена и мислам или посакувам повторно да играм во најелитното европско клупско натпреварување. Целите на клубот се високи, но се надевам дека ќе ги исполниме со напорна работа. Системот на игра ми е познат, па со нетрпение очекувам да играм пред домашните навивачи“, – изјави Тамара Мавсар.

(фото – ЖРК Крим Меркатор)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести