Екипата на Овче Поле забележа убедлива победа против тимот на Борец со резултат 44-26 во натпревар од 5. коло од плеј-аутот во Првата лига.
Овче Поле на полувреме направи високо водство од 24-9. Второто полувреме беше само формалност екипата од Свети Николе да ја завери победата против Борец.
Најефикасен во составот на Овче Поле беше Бојан Гичев со 11 гола, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Леон Ристов со 10 гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷