Ракометарите на Преспа забележаа победа против тимот на Текстилец со резултат 32-16 во плеј-аутот од Првата лига.
Тимот на Преспа уште на полувреме имаше високо водство од 17-7. Во второто полувреме Преспа ја зголеми предноста, па на крај славеше со убедлива победа.
Најефикасен во редовите на Преспа беше Бојан Поповски со седум гола, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Филип Џинес со пет гола.
(фото – Рк Преспа 2015)📷