Тимот на Куманово забележа победа на гостувањето во Свети Николе, кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет со 32-20.
Куманово од почетокот на натпреварот успеа да ја преземи контролата на резултатот, па така да забележи победа.
Најефикасна во тимот на Куманово беше Андреза Коста Алмеида со 10 гола, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасни беа Елена Вучевска и Анастасија Сентовска со по 5 гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷