Европската ракометна федерација (ЕХФ) на македонската судиска двојка Марија Илиева и Силвана Карбеска им додели нова задача.
Тие ќе го судат реваншот од финалето во Европскиот Куп во женска конкуренција, каде играат екипите на Анталија Коњалти и Атлетико Гуардес. Натпреварот се игра на 7 мај од 19:00 часот. Делегат на овој натпревар ќе биде Коен од Израел.
(фото – Архива)📷