Познати се полуфиналните парови во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција

Денеска во седиштето на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Во машка конкуренција полуфиналните парови се Вардар 1961 и Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Тинекс Пролет, додека во женска конкуренција полуфиналните парови се Вардар и Ѓорче Петров, Металург против Куманово.

Ф4 турнирот од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција ќе се игра во Охрид, во салата “Билјанини Извори”, од 11 до 13 мај.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести