Хазеин Рустамов: Се надевам ќе одиграме добро со Тинекс Пролет

Во 12 коло од плеј-офот во Супер лигата, екипата на Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на Тинекс Пролет.

Екипата на Охрид се бори за место во Европа, затоа на тимот ќе му бидат потребни бодови од дуелот со Тинекс Пролет. За овој натпревар своја изјава имаше ракометарот на Охрид, Хазеин Рустамов.

“Во недела не очекува еден добар натпревар, кој што треба да се победи. Се уште сме во игра за место во Европа. Се надевам ќе одиграме добро со Пролет и резултатот ќе биде во наша полза. Екипата е подготвена, концентрирани сме на целта. Ги поканувам сите љубители на ракометот да дојдат во сала и заедно да славиме победа”, – изјави Хазеин Рустамов.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести