Екипата на Преспа ги освои бодовите против тимот на Овче Поле, откако на домашен терен славеше со конечен резултат 22-19.
На пауза Преспа имаше минимална предност од 8-7. Во второто полувреме Преспа направи добра серија, па на крај да се радува на триумф против Овче Поле.
Најдобар стрелец кај екипата на Преспа беше Бојан Поповски со осум голови, додека кај екипата на Овче Поле најдобри стрелци беа Кристијан Коцевски, Кристијан Стаменков и Аритон Тодосов со по три голови.
(фото – Рк Преспа 2015)📷