Голден Арт 2 забележа триумф против Шампион

Составот на Голден Арт 2 оствари победа против екипата на Шампион со резултат 29-24 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.

Во првото полувреме беше доста изедначено, па на пауза Голден Арт 2 замина со предност од 15-14. Во второто полувреме Голден Арт 2 успеа да направи повисоко водство и на крај да забележи триумф против Шампион.

Најефикасен во тимот на Голден Арт 2 беше Кристијан Стаменковиќ со осум гола, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Живко Петровски со седум гола.

(фото – Рк Голден Арт 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.