Пионерките на Јехона остварија победа во четвртфиналниот натпревар во пионерската лига против екипата на Чаир со резултат 27-22, и се пласираа на Ф4 турнирот.
Екипата на Јехона диктираше темпо во текот на целиот натпревар, па така стигна до победата против Чаир.
Најефикасна во тимот на Јехона беше Мила Николоска со девет гола, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Рона Мифтари со 16 гола.

(фото – ЖРК Јехона)📷