Ракометарите на Астраион остварија победа на гостувањето кај екипата на Кичево 2020 со минимални 21-20 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.
На полувреме Кичево 2020 имаше предност од 10-8. Во второто полувреме Астраион ја презеде предноста, па така славеше победа против Кичево 2020.
Најефикасни во тимот на Астраион беа Васе Наков и Христијан Ефтимов со по пет гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Дарко Јаневски со седум гола.
(фото – Рк Астраион)📷