Овче Поле победнички против Партизан за крај на плеј-аутот во Првата лига

Екипата на Овче Поле забележа победа против екипата на Партизан Гевгелија од 28-26, и ги заврши настапите во плеј-аутот од Првата лига за оваа сезона.

Тимот од Свети Николе во текот на целиот натпревар беше во водство, на пауза имаше предност од 14-10. Во второто полувреме продолжи водството на Овче Поле, па на крај да слави победа против Партизан Гевгелија.

Најефикасен во тимот на Овче Поле беше Бојан Гичев со осум гола, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Димитар Минов со седум гола.

(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести