Екипата на Вардар забележа победа против Овче Поле Славјански Универзитет со високи 33-19 во последното коло од плеј-офот во Женската Супер лига.
Вардар и на полувреме имаше предност од 15-11, па така до крајот на натпреварот немаше проблеми околу победата против Овче Поле Славјански Универзитет.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Ивона Трпевска со осум гола, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Конева со шест гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷