Металург РА победнички против Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Металург РА оствари победа против тимот на Македонија Ѓорче Петров со резултат 36-28 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.

Тимот на Металург РА од почетокот на натпреварот беше во водство, па на пауза замина со предност од 18-13. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Металург РА, за на крај да слави победа против Македонија Ѓорче Петров.

Најефикасен во тимот на Металург РА беше Дамјан Наумовски со 13 погодоци, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасни беа Максимилијан Ѓиноски и Лука Трифуновски со по 7 погодоци.

(фото – Рк Металург РА)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести