Јехона ќе биде домаќин на третиот по ред “Гостивар турнир 2023”, во машка и женска кадетска конкуренција


Екипата на Јехона и општина Гостивар ќе бидат домаќини на третиот по ред “Гостивар турнир 2023”, во машка и женска кадетска конкуренција.

Овој турнир ќе се одигра на 3 јуни во салата “Младост” во Гостивар. На турнирот ќе учествуваат осум екипи по четири во машка и четири во женска конкуренција.

Во машка конкуренција ќе учествуваат екипите на Јехона, Вардар Неготино, Аеродром и Куманово, додека во женска конкуренција ќе учествуваат екипите на Јехона, Деспина, Ѓорче Петров и Вардар.

Турнирот е поддржан од неколку спонзори и од општина Гостивар, а најавено е дека ќе има и лајв стрим од сите натпревари, каде ќе бидат доделени и награди за најдобрите ракометари и екипи.

(фото – Рк Јехона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.